Извршен директор на Ферари, Луис Камилери, ја дефинираше задачата на тимот за претстојното првенство.
Минатата година Ферари ја имаше својата најдобра сезона сметано од времето на последната победа во Ф1 шампионатот. Целта за сезоната 2019 е очигледна, да ја освоиме титулата. Ќе го зголемиме буџетот на тимот за поддршка на овие амбиции, најави Камилери. Минатата година буџетот на тимот на „црвеното коњче“ изнесуваше 430 милиони евра.
Останува да видиме дали ќе се остварат најавите на Ферари за симнување од тронот на тимот на Мерцедс кој минатата сезона предводен од Луис Хамилтон беше доминантен.