НБА направи неверојатен гест кон легендарните Двејн Вејд и Дирк Новицки, вклучувајќи ги во составите за претстојниот Натпревар на ѕвездите. Бекот на Мајами официјално објави дека ова е последна година за него, додека неговиот колега од Далас, официјално не го објави неговото пензионирање, но веројатно ќе заврши со спорт по сезоната.

Триесет и седум-годишниот Вејд се враќа во „Ол-Стар“ натпреварот за прв пат од 2016 година. 40-годишниот Новицки не учествувал на настанот од 2015 година. Двајцата се избрани за шоуто 13,односно 14 пати, а во 2010 година Вејд беше избран за МВП.

И двајцата беа најавени како „специјални дополнувања“ на клубовите и ќе бидат избрани од двајцата капитени – Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2019 01:18