Екипата на Денвер Нагетс постигна успех со 136:122 како домаќин над Хјустон Рокетс во средба од регуларната сезона на НБА.

Дуелот во Колорадо започна подобро за „ракетите“ кои забележаа шест тројки во првата четвртина и извонредни 43 поени, за да водат со осум по првиот дел – 43:35. Одговорот на домаќините не задоцни, откако тие го надиграа противникот со 48:28 во втората четвртина и на одмор имаа + 12 – 83:71.

Во третата Денвер ја зголеми предноста над противникот на +20 и до крајот на натпреварот одржуваше предноста за конечна победа.

Најдобар стрелец за победниците беше Малик Бизли кој реализира 35 поени, а Никола Јокиќ запиша речиси „трипл-дабл“ – 31 поен, 13 скокови и 9 асистенции.

За „Рокетс“, Џејмс Харден постигна 30, продолжувајќи ја својата серија последователни натпревари со најмалку 30 поени на 25 натпревари. На овој начин тој го израмни постигнувањето на Вилт Чембрлен од ноември до декември 1960.

Крис Пол додаде 20 при враќањето по повредата, но тие беа недоволни за успех на избраниците на Мајк Д’Антони.

Така Денвер се израмни на врвот на Западната конференција со актуелниот шампион Голден Стејт – и двата тима имаат скор 36-15, додека Хјустон е шести.

На следните натпревари, Нагетс оди на посета кај Минесота Тимбервулвс, а Хјустон патува кај Јута Џез.

Натпревари од НБА:

Шарлот – Мемфис 100: 92 Њујорк – Бостон 99: 113 Мајами – Оклахома Сити 102: 118 Јута – Атланта 128: 112 Денвер – Хјустон, 136: 122

Пласман по дивизии:

Источна конференција:

Атлантската дивизија: Торонто 37 победи / 16 порази, Филаделфија 34/18, Бостон 33/19 Централна дивизија: Милвоки 37/13, Индијана 32/19, Детроит 22/28 Југоисточна дивизија: Шарлот, 25/26, Мајами 24/26, Вашингтон 22/29

Западна конференција:

Северозападна дивизија: Денвер 36/15, Оклахома 33/18, Портланд 32/20 Пацифик дивизија: Голден Стејт 36/15, Лос Анџелес Клиперс 28/24, Лос Анџелес Лејкерс 27/25 Југозападна дивизија: Сан Антонио 31/22, Хјустон 29/22, Далас 23/28.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2019 11:39