Лос Анџелес Лејкерс се обидуваат да го донесат Ентони Дејвис во своите редови, но Њу Орлеанс Пеликанс не се импресионирани од нивната понуда.

Адријан Војнаровски, еден од најупатените новинари кои ја следат НБА лигата, објави каква е првичната понуда, што ја испратиле „езерџиите“ за 25-годишниот кошаркар.

Според него, Меџик Џонсон и Роб Пелинка ги понудиле Лонзо Бол, Ражон Рондо, Кајл Кузма, Мајкл Бизли, како и избор од првиот круг на Драфтот.

Како што може да се забележи, во понудата недостасуваат Џош Харт, Брендон Инграм и Ивица Зубац.

Според Војнаровски, тие понудиле уште неколку слични „трејдови“, но засега ниту една опција не е доволно сериозна, за да биде прифатен од „пеликанците“.

Лос Анџелес ќе се обиде со сите сили да го доведе Дејвис до крајот на преодниот рок, но прашање е дали на крајот ќе успеат.

Последен рок за размена на играчи во НБА лигата е 7 февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2019 14:39