Легендарниот фински четирикратен олимписки и петкратен светски шампион во ски-скокови, Мати Никенен почина синоќа на 56-годишна возраст.

Еден од најпрочуените во тој спорт досега, ќе остане запомнет најмногу по Зимските олимпски игри во Сараево 1984 година, каде освои злато и сребро во вкупно пет категории, и по турнејата „Четири скокалници” во 1988 година.

Вкупно има 46 победи, а 76 пати се најде на подиумот за медалите.

По трофејната кариера, имаше проблеми со алкохолот, но и прекршување на законот, поради што одредено време мина в затвор.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2019 11:20