Првиот Ф1 болид на Ред Бул, кој ќе има погонска единица на Хонда, ќе го направи своето деби наредната недела на 13-ти февруари.

Минатата година новиот автомобил на Ред Бул излезе на патеката „Силверстоун“ пред да започнат тестовите, за време на еден од нивните два денови за снимање видео-материјали. Оваа година, тимот не дава детали дали ова повторно ќе се случи.

Мерцедес, исто така, ќе има корист од „филмскиот“ ден, кој е ограничен на 100 километри и користи само егзибициски гуми. „Сребрените стрели“ ќе ја претстават својата машина за сезоната 2019, исто така, на 13-ти февруари.

Хаас денес го претстави датумот за премиерата на нивниот нов автомобил – 7 февруари. Значи, единствениот Ф1 тим кој нема датум за за промоција на својот автомобил за следната сезона во Формула 1 е Вилијамс.

Клучни датуми:

7 февруари – премиерата на болидот на Хас 11 февруари – премиера на болидот на Торо Росо 12 февруари – премиерата на болидот на Рено 13 февруари – премиерата на болидот на Ред Бул, Мерцедес и Рејсинг Поинт 14 февруари – премиерата на болидот на Мекларен 15 февруари – премиерата на болидот на Ферари 18 февруари – премиерата на болидот на Заубер

18 – 21 февруари – прв пред-сезонски тест 26 февруари – 1 март – втор пред-сезонски тест.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2019 13:22