Кошаркарот на ЛА лејкерс Леброн Џејмс и лидерот на Бостон селтикс, Кајри Ирвинг ги подобрија односите преку разговорот по телефон. Меѓу нив имаше тензии додека играа за Кливленд.

– Сега меѓу нас сè е во ред. Ми се допаѓаат луѓето како него што се борат, што преземаат ризици и се соочуваат со предизвиците. Му посакувам се најдобро, изјави Џејмс.

Овие зборови на Леброн, американските медиуми го сметаат за навестување дека играчите можат повторно да бидат заедно како дел од Лејкерси. Шпекулации з авакво нешто има одамна.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2019 15:52