Македонската кошаркарска федерација на својата веб-страница го објави распоредот на натпревари за претстојниот куп што ќе се игра во Гевгелија.

На 15 февруари (петок) на програмата се следниве натпревари: 13:00 часот Блокотехна – АВ Охрид (четвртфинале 1) 15:15 Работнички – Куманово 2009 (четвртфинале 2) 17:30 МЗТ Скопје Аеродром – Кожув (четвртфинале 3) 20:00 Гостивар – Фени индустри (четвртфинале 4)

Вториот ден (сабота), на 16 февруари ќе играат: 12:00 Бадел 1862 – Струга 2009 (натпревар 1) 14:15 Вардар – Работнички (натпревар 2) 17:30 Полуфинале МАЖИ 1(победник четвртфинале 1 – победник четвртфинале 4) 20:00 Полуфинале МАЖИ 2(победник четвртфинале 2 – победник четвртфинале 3)

Завршницата е планирана за 17 февруари (недела): 14:30 Финале ЖЕНИ (победник натпревар 1 – победник натпревар 2) 17:30 Финале МАЖИ (победник полуфинале 1 – победник полуфинале 2).



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2019 16:55