Хјустон го совлада Феникс како домаќин со 118:110 и излезе на чело на Југозападната дивизија во НБА лигата
Џејмс Харден заврши со 44 поени, 8 скока, 6 асистенции и 3 украдени топки, откако го забележа својот 27-ми последователен натпревар со повеќе од 30 поени, третата најдолга серија во лигата.
Тоа беше и 20-тиот дуел за ѕвездата на „ракетите“ со повеќе од 40 поени во текот на сезоната.
Кенет Фарид додаде 17 поени и 14 скокови за успехот на домашниот тим.
За Феникс ова е 11 последователен пораз, во кој најмногу се истакна Џо Џексон со 25 поени.
Резултати од НБА:
Детроит – Денвер 129: 103 Вашингтон – Атланта 129: 137 Бруклин – Милвоки 94: 113 Њу Орлеанс – Индијана 107: 109 Феникс – Хјустон 110: 118 Сакраменто – Сан Антонио 127: 112.