Леброн Џејмс го претрпе најголемиот пораз во кариерата синоќа во НБА.
Индијана Пејсерс го порази Лос Анџелес Лејкерс со 136:94 со постигнување на рекордни 19 тројки за франшизата.
Ова е најголем пораз за тим во кој настапува Џејмс во текот на своите 16 сезони во лигата, а покрај Лејкерс, тој исто така настапи за Кливленд Кавалирс и Мајами хит.
Неговиот претходен најголем пораз беше 36 разлика во два наврата, од Вашингтон во 2008 година со Кливленд и од Сан Антонио во финалето на 2013 година со Мајами.
Покрај тројките, Пејсерс ја освоија битката благодарение и на грешките на нивните ривали, откако постигна 33 поени од 19 изгубени топки на „езерџиите“.
Во отсуство на Виктор Оладипи, „пешаците“ беа предводени од Бојан Богдановиќ со 24 поени (10/17 од игра, 4/10 тројка) со 5 асистенции, додека 22 поени додаде Мајкл Тарнер.
Леброн беше најефикасен во Лејкерс со 18 поени (7/12) со 9 асистенции и 7 скокови, но исто така загуби и 6 топки.
Џавеил Мекги постигна 16 поени, 13 додаде Ленс Стивенсон, додека по 12 реализираа Кајл Кузма и Брендон Инграм.
Резултати од НБА:
Шарлот Хорнетс – Лос Анџелес Клиперс 115:117 Кливленд Кавалиерс – Бостон Селтикс 96:103 Индијана Пејсерс – Лос Анџелес Лејкерс 136:94 Њујорк Никс – Детроит Пистонс 92:105 Мемфис Гризлис – Минесота Тимбервулвс 108:106 Оклахома Сити – Орландо Меџик 132:122 Филаделфија 76-ерс – Торонто Репторс 107: 119 Портланд Трејлблејзерс – Мајами Хит 108:118.