Светската шаховска федерација (ФИДЕ) денеска ги објави градовите и датумите за претстојните Гран-при.
Првиот турнир ќе се игра од 16 – 30 мај во Москва (Русија).
Следува Гран-прито во Јурмала / Рига (Летонија) од 11-25 јули.
Третиот силен турнир од серијата, ќе се игра од 4 – 18 ноември во Хамбург (Германија).
Последното Гран-при за 2019 година е предвидено од 10 – 24 декември во Тел Авив (Израел).
Во Гран-при серијата ќе учествуваат вкупно 22 шахисти. Во секоја од четирите етапи 16 велемајстори ќе се борат да ја искористат шанса да го предизвикаат светскиот шампион Магнус Карлсен.