Лука Дончиќ даде опширно интервју за шпанската телевизија „Mовистар +“ во кое зборува за адаптацијата во НБА, за разликите меѓу играта во Европа и оваа во САД, како и за доста други теми, вклучително тоа дека не се најде во натпреварот на ѕвездите.

– Во НБА е полесно да даваш кошеви, отколку во Европа, се разбира. Во Европа теренот е помал, и тука е правилото за три секунди. Мислам дека е полесно да реализираш тука, рече 19-годишниот словенец.

Тој изрази разочарување дека нема да учествува во „Ол-стар“ натпреварот.

– Сакав да играм во Натпреварот на ѕвездите, па нормално е да сум разочаран. Важно е дека луѓето гласаа за мене. Бев исклучително импресиониран од ова. Ова е најважно за мене. Можеби следната година ќе бидам таму, додаде Дончиќ.

Дончиќ додаде дека неговиот сон е да го освои НБА шампионатот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2019 21:46