Македонскиот каратист, Бојан Костов стана вицешампион на Европа откако во финалето на ЕП за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Алборг загуби од Русинот Ахмет Ахмедов со 0-8.

Костов, кој се натпреварува во категоријата до 52 килограми, до финалето извојува четири победи – против Себастијан ван Тефелен (Холандија), Јакуб Цернички (Словачка), Матеа Бустеми (Италија) и Мухамед Оздемир (Германија).

На Европското првенство во Данска учествуваат 1.092 каратисти од 51 држава.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2019 21:53