Пилот на Формула 1 тимот Хас, Ромен Грожан смета дека конкуренцијата во Формула 1 е далеку од совршена.

Мислам дека Формула 1 треба да направи нешто, така што не само на првите три екипи да имаат шанса да победат. Не мислам дека до 2021 година ќе видиме нови победници на трките. Ако погледнете во борбата за средишните позиции ќе забележите дека има многу размени на позиции и живописни битки. Многу е поинаку отколку кај борбата за врвот. Би било подобро ако и тимовите од средината добија можност да се натпреваруваат за главните награди, изјави Грожан.

Убеден сум дека и луѓето како Џин Хас ќе го сакаат тоа. Инаку, која е целта постојано да се бориме за место во средината на групата? Но, промените не се видливи, потенцира Грожан.

Во Ферари најавија зголемување на буџетот, Ред Бул и Мерцедес исто така не заостанува. Не ме сфаќајте погрешно, ние исто така не застануваме, но се додека постојат такви сериозни празнини во ресурсите на тимовите, темпото на развој исто така ќе се разликува значително.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2019 10:25