Сплитската полиција утрово уапси тројца мажи кои сеповрзуваат со нападот на ватерполистите на Црвена звезда на брегот на Сплит, а кај еден од нив е пронајден украден дрес. Полицијата вели дека по еден човек сè уште трага, пренесоа локалните медиуми.

Четворицата играчи на Црвена ѕвезда беа нападнати вчера попладне додека седеле во кафуле.

Тројца побегнале, додека четвртиот се спасил со скокање во морето.

Ватерполистите на српскиот тим требаше да играат натпревар со Сплит, но поради инцидентот, натпреварот беше одложен.

Дел од хрватската јавност жестоко го осуди вчерашниот напад, оценувајќи дека е напад од хулигани, кој не смеел да се случи.

Од Хрватскиот ватерполо сојуз соопштија дека „секој чин на насилство кон било кого е неприфатлив“.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2019 11:25