Извршниот директор во Формула 1, Чејс Кери, е убеден дека Луис Хамилтон е еден од најголемите возачи во историјата.

Британскиот пилот на Мерцедес минатата година ја освои својата петта шампионска титула.

-Се восхитувам на она што го постигна Луис. Тој е еден од најголемите тркачи на сите времиња. Му се восхитувам на неговиот талент и уникатните способности. Спортот неизбежно е поврзан со имињата на ликовите. Денес не постои посјаен херој од Хамилтон, вели Кери.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2019 12:05