Формула 1 тимот на Вилијамс го претстави новиот болид за претстојната сезона во која спонзор ќе им биде британската компанија за телекомуникации „ROKiT".

Новиот болид е комбинација на бела и светло-сина боја. Од оваа сезона ќе недостасува спонзорот „Мартини" кој даваше поддршка на Вилијамс од 2013 година.

Договорот за спонзорство со „ROKiT" беше објавен вчера во фабриката на Вилијамс во присуство на директорот на тимот Клер Вилијамс и возачите за сезоната 2019, Роберт Кубица и Џорџ Расел.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2019 12:16