Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Тајсон Фјури (Велика Британија) ќе добие 26 милиони долари хонорар за реваншот против шампионот во верзија Светски боксерски совет Дионтеј Вајлдер (САД), соопштува „Дејли Мирор“.

Натпреварот ќе се одржи на 18 мај во Њујорк. Тие се состанаа на 1 декември минатата година во Лос Анџелес, но победник немаше, откако и Вајлдер, и Фјури останаа без пораз на професионалниот ринг.

Американецот е со биланс од 40 победи (39 со нокаут), 0 порази и 1 реми при, додека Фјури е со 27 успеси (19 со нокаут) 0 порази и 1 реми.

Британецот објави дека донирал 9 милиони долари за добротворни цели добиени од првиот натпревар со Вајлдер.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2019 09:51