Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс веќе петта година по ред останува кошаркар со најголема заработка.

Според Форбс, приходите на Џејмс се проценуваат на 88,7 милиони долари годишно. Само 35,7 милиони од нив се во форма на плати. Преостанатиот износ е дополнителен приход, вклучувајќи рекламирање и спонзорство.

Второто место е резервирано за членот шампионот Голден стејт, Стив Кари со годишен приход од 79,5 милиони долари.

Трет на листата најплатени кошаркари од НБА-лигата е Кевин Дурант исто така од Голден стејт со 65 милиони.

Во ТОП 5 се уште и: Расел Вестбрук од Оклахома (53,7 милиони) и Џејмс Харден од Хјустон (47,4 милиони).



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2019 13:27