Британскиот тим Мекларен го претстави новиот автомобил „MЦЛ34“, кој оваа година ќе се натпреварува во Формула 1.

Машината е во сина и портокалова и беше презентирана од страна на механичарите на тимот во базата во Вокинг. Потоа, пилотите Карлос Сајнц Џуниор и 19-годишниот британски дебитант Ландо Норис се запознаа со иновациите.

Во духот на денешниот празник за Денот на вљубените, Карлос Сajнц рече дека се вљубил на прв поглед во новиот Мекларен.

– Ми се допаѓаат новите бои, Љубов на прв поглед, рече Сајнц.

Новите пилоти ги заменија Фернандо Алонсо и Стефан Вандорн, кои минатата година го изведоа Мекларен до шестото место во пласманот кај конструкторите.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2019 16:10