Ѕвездата на Оклахома Сити, Расел Вестбрук, го забележа својот 11-ти последователен „трипл-дабл“ учинок во НБА. Тој заврши со 44 поени, 14 скока и 11 асистенции при поразот од Њу Орлеанс со 122:131.
Вестбрук го подобри своето постигнување, а претходно овој рекорд го држеше Вилт Чембрлен со девет последователни „трипл-дабл“ учиноци во сезоната 1967/68.
За Вестбрук, ова е 24-ти „трипл-дабл“ за сезоната и вкупно 128-ми во кариерата.
И покрај напорите на Вестбрук, Оклахома загуби по втор пат во последните 11 натпревари.
Џулиус Рендал заврши со 33 поени и 11 скока за Њу Орлеанс, додека ѕвездата на „пеликаните“, Ентони Дејвис, не настапи поради повреда.вз.
Резултати од НБА:
Орландо – Шарлот 127: 89 Атланта – Њујорк 91: 106 Њу Орлеанс – Оклахома Сити 131: 122
Пласман по дивизии:
Источна конференција:
Атлантска дивизија: Торонто 43 победи / 16 порази, Бостон 37/21, Филаделфија 37/21 Централна дивизија: Милвоки 43/14, Индијана 38/20, Детроит 26/30 Југоисточна дивизија: Шарлот 27/30, Мајами 26/30, Орландо 27/32
Западна конференција:
Северозападната дивизија: Денвер 39/18, Оклахома 37/20, Портланд 34/23 Пацифик дивизија: Голден Стејт 41/16, ЛА Клиперс 32/27, Сакраменто 30/27 Југозападна дивизија: Хјустон 33/24, Сан Антонио 33/26, Далас 26/31.