Македонецот Лука Божиновски го освои 63.место во конкуренција на 98 натпреварувачи во велеслаломот од Светското првенство во алпско скијање што се одржува во шведски Оре.

Божиновски првата трката ја заврши со време 1:22.35 минута што е за 12 секунди и 38 стотинки побавно од водечкиот Алексис Пинтуро.

Со оглед на тоа што во второто возење место има за најдобрите 30, Божиновски нема да го гледаме во втората велеслаломска трка на Мундијалот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2019 18:16