Во финалето на ВТА турнирот во Доха, Катар ќе играат Симона Халеп од Романија и Елисе Мертенс од Белгија. Ова е епилогот по денешните полуфинални пресметки.

Белгијката во полуфиналето ја совлада Анџелика Кербер иод Германија со 2-1, по сетови 6:4, 2:6 и 6:1.

Халеп беше поуспешна од Елина Свитолина од Украина, исто така со 2-1, по сетови 6:3, 3:6 и 6:4.

Финалето е закажано за утре со почеток во 16 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2019 10:39