Српскиот центар на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ поседува исклучителен поглед и талент за играта и макар да се смета за еден од најинтелигентните, од кошаркарска гледна точка, натпреварувачи во НБА, не верува дека може да стане тренер некој ден.

Србинот фасцинира со магичните асистенции и во моментов е петти во Лигата по асистенции по натпревар, но е категоричен дека не би ја претворил тренерска дејност во своја професија еден ден.

– Само замислете како кажувам на некој играч да направи нешто што всушност не може да го направи, коментира Јокиќ со насмевка, отфрлајќи можност да го пренесува своето знаење на младите кога ќе стопира со играта.

Во летото ѕвездата на Денвер ќе учествува во меѓународната програма на НБА – „Кошарка без граници“, каде ќе биде дел токму од тренерскиот тим.

Утре Јокиќ ќе дебитира во „Натпреварот на ѕвездите“.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2019 13:14