Македонските граѓани трошат многу повеќе пари на алкохол, проституција и наркотици отколку на лекови и книги, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во периодот од 2014 до 2016 година годишните трошоци за проституција кај домаќинствата во земјава се зголемиле од 53 на 69 милиони евра, за наркотици од 32 на 39 милиони евра, а за алкохол од 126 на 142 милиони евра.

Трошоците за лекови и помагала (протези, инвалидски колички) во 2014 година изнесувале 36 милиони евра, а две години подоцна биле 41 милион евра, анализира Република.

Забележително е дека единствено за книги, списанија и весници во овој тригодишен период трошоците останале зацементирани на 11 милиони евра.

Ваквите податоци само покажуваат дека проституцијата и продажбата на наркотици генерираат профити од милиони евра, а државата од тоа не гледа ниту денар бидејќи станува збор за нелегални бизниси кои не подлежат на даноци.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2019 13:21