Неверојатната сезона на американската скијачка Микаела Шифрин продолжува. 23-годишната Шифрин стана прва во историјата со 4 последователни светски титули во иста дисциплина во алпско скијање. Таа триумфираше во слалом на Светското првенство во Оре по феноменално второ возење, завршувајќи се вкупно време од 1:57.05 минута.

Шифрин денес го освои својот трет медал во Оре и вкупно седми од светските првенства. На шампионатот во Шведска таа веќе го зграпчила златото во супер-џи, како и бронзата во велеслалом. Американката исто така е олимписки шампион на шампионатот во Сочи од 2014 година.

Денес Шифрин не се покажа во најдобро во првата трка, по која остана трета, на само 15 стотинки од првата Венди Холденнер, која беше најбрза со време од 57,08 секунди. Втора по првиотспуст беше претставничката на домаќините, Ана Свен-Ларсон, која остана на 11 стотинки зад Холденер.

Свен-Ларсон заврши на второто место на крајот, по одличното возење во втората трка. Таа остана на 58 стотинки зад Шифрин и им донесе радост на домаќините, со што го освои првиот медал од првенството во Оре. Ова е исто така е и првиот медал за неа на големо првенство.

Трета беше Словачката Петра Влхова, кој го додаде бронзениот медал на златниот во велеслалом и среброто во комбинација. Влхова беше петта по првата трка, но во втората возеше одлично и си најде место во првите три со 1.03 секунди заостатнување зад Шифрин.

Австриската скијачка Катарина Линсбергер остана на чекор од медал и заврши на четвртото место, со 1.43 секунди заостанување од победникот. Таа беше четврта и по првата трка.

Лидерката по првата трка, Венди Холденер не издржа на тензиите и направи грешка на самиот почеток на нејзиниот спуст во вториот круг. Швајцарката заврши 17-та, 5.26 секунди по Шифрин. Сепак, таа ќе си замине од Оре со 2 златни медали – во комбинација и во тимска конкуренција.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2019 16:23