Швајцарецот Стен Вавринка стигна до своето прво финале на турнир од АТП од 2017 година наваму, откако победи со 6:2, 4:6, 6:4 над првиот носител, Кеј Нишикори (Јапонија) во полуфиналето на турнирот во Ротердам.

За Вавринка, тоа ќе биде прв натпревар за трофеј по двете операции кои ги претрпе на колената. Носителот на три Гренд-слем титули покажа многу добра игра и запиша 35 винери и 8 асови.

Разврската во натпреварот дојде во десеттиот гем во третиот сет, во кој Вавринка ја доби својата прва брејк шанса и со моќен форхенд ја реализираше, за да победи на натпреварот.

Ривал на Швајцарецот во финалната средба ќе биде Французинот Гаел Монфис, кој исто така во три сета оствари триумф над Русинот Данил Медведев.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2019 12:38