Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел, изјави дека нема причина да верува дека ќе го напушти тимот, во случај да не ја освои шампионската титула во новата сезона.

Германецот вози за италијанскиот тим од 2015 година.

Секој знае дека имам договор до крајот на 2020 година. Затоа, нема смисла да се очекува промена. Јас сум задоволен со сè тука и сакам да победам на шампионатот. Имаме уште да одработиме до стартот на новата сезона, но мора да ја исполниме оваа мисија. Ферари отсекогаш ме инспирираше, и имам страст за трки. Ја разбирам мојата задача овде, изјави фетел Нема сомнение дека Леклер ќе биде многу брз. Имаме со него слично чувство за болидот. Мислам дека брзо ќе го преземе темпото. Главната задача е да работиме заедно како тим, изјави Фетел.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2019 09:40