Во 68. Ол-стар натпревар во НБА лигата, тимот на Леброн Џејмс беше поуспешен од тимот на Јанис Адетокунбо со 178: 164, по четвртини: 37:53, 45:42, 50:36, 46:33.

По традиција, ваквите натпревари се карактеристични по големиот број постигнати поени и атрактивни потези, а одбраната речиси и да ја нема.

Најефикасен во победничкиот состав беше кошаркарот на Голден Стејт, Кевин Дурант, кој постигна 31 поен. Леброн стигна до 19 поени исто како и Каваи Леонард.

Најпродуктивен во поразениот тим беше Адетокунбо зад чие име останаа запишани 38 поени и 11 скока. Пол Џорџ даде 20, додека Стеф Кари и Расел Вестбрук по 17 поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2019 10:13