Идејата на Реал Мадрид да го напушти шпанскиот кошаркарски шампионат по контроверзните одлуки во финалето на Купот, сретна голема поддршка меѓу навивачите на „белите“. Ова е резултат на анкета организирана од локалниот весник „Марка“.

Во медиумите упорно се тврди дека раководството на клубот разгледува различни опции да ја напушти „АЦБ“ лигата, а причината за ова е конечната одлука на судиите во финалето на Кралскиот куп.

Повеќе од 75.000 приврзаници на „кралскиот“ клув гласаа во анкетата на мадридското издание, откако 67 отсто гласале во корист на евентуалното заминување на десеткратниот европски шампион од локалната лига.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2019 16:21