Мексиканскиот пилот од тимот на Рејсинг поинт, Серхио Перез е загрижен за судбината на трката во неговата татковина.
- Навистина се надевам дека ќе ја задржиме трката. Долго време ни требаше да го вратиме мексиканското гран-при, и ако повторно го загубиме сега, мислам дека тоа ќе биде крај. За нашата земја, ова е многу важен спортски настан и ќе биде голема штета ако се случи тоа, изјави Перез. Многу земји се заинтересирани за спроведување на трката во Формула 1, па враќањето во календарот ќе биде многу тешко, ќе бидат потребни години, дополни пилотот во Формула 1.
Перез преку Ф1 трката гледа извонредна шанса за промоција на Мексико.
- Сакам мојата земја да ја видат многу луѓе од целиот свет и да дознаат колку е убаво Мексико. Гран-при „Формула 1“ ја дава оваа можност.