Анонимен претставник на шампионот во НБА, Голден Стејт изјави за „Атлантик“ дека никој во клубот не знае дали Кевин Дурант ќе остане во тимот и по крајот на оваа сезона.
Договорот на 10-кратниот учесник во „Натпреварот на ѕвездите“ истекува на крајот на месец јуни и од 1 јули тој ќе биде слободен да потпише со секој друг тим во Лигата. Според многумина експерти, Њујорк Никс е фаворит за потписот на Дурант.
– Немаме идеја какви се плановите на Дурант. Сите во тимот сакаме тој да остане, но во моментов не можеме да направиме ништо повеќе. Ако сепак одлучи да не напушти, ние ќе бидеме среќни од фактот дека тој помина три прекрасни години тука, изјавил изворотблизок до тимот на Голден Стејт.
Дурант се приклучи на Голден Стејт во текот на летото на 2016 година како слободен агент и помогна на „воините“ да освојат две титули. Тој ја освои наградата МВП на финалната серија и во двете сезони.
Во оваа, Голден Стејт води на табелата во Западната конференција со биланс од 41 победи и 16 порази, а Дурант има 27,6 поени, 7 скока и 5,9 асистенции во просек по натпревар.