Нико Хулкенберг заврши на чело на табелата во последниот ден од првите предсезонски тестови во Барселона, иако Рено имаа проблеми и направија најмалку обиколки од сите – 58.

Вреди да се напомене, исто така, дека Мерцедес веќе покажаа поголема брзина, а Алфа Ромео продолжија со силни перформанси.

Во утринската сесија најбрз беше Александар Албон со Торо Росо, а попладне никој не го подобри неговото време, бидејќи тимовите беа фокусирани на долги серии обиколки со полн резервоар.

Во последниот час, натпреварувачите започнаа со меките гуми „Ц4“, откако Ботас го надмина времето на неговиот тимски колега Хамилтон. Валтери направи уште побрза обиколка со „Ц5“, но остана под времето на Албон утрото, а двете „сребрени стрели“ завршија на четврто и петто место.

Хулкенберг постави најдобро време за попладнето, но потоа од Рено му наредија да се повлече веднаш на патеката поради непознат проблем. Ова предизвика црвено знаме.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2019 05:26