Иако актуелниот МВП на Лигата, Џејмс Харден не зеде учество во натпреаврот, Хјустон Рокетс го победи шампионот на НБА, Голден Стејт со 118:112 како гостин во натпревар од регуларната сезона.
Харден чувствувал болки во вратот по удар за време на тренинг и тренерот на „ракетите“, Мајк Д’Антъни одлучи да го одмори за дербито со „воините“ во Оукленд.
Во негово отсуство диригентската палка ја презеде ветеранот Крис Пол, кој реализираше 23 поени и 17 асистенции. Бекот Ерик Гордон додаде 25 поени, а крилата Пи Џеј Такер и Кенет Фарид се истакнаа со „дабл-дабл“, што ја потврди силната гира во рекетот на Хјустон, кои остварија вкупно 48 скока во натпреварот против 26 за противникот.
Кевин Дурант беше најпрецизен за Голден Стејт со 29 поени, а Стеф Кари додаде 25 поени, 9 скока и 7 асистенции.
И покрај поразот, тимот на Стив Кер остана на чело на Западната конференција со вкупно 42 победи и 17 порази. Хјустон е петти на Западот со 34 успеси и 25 порази.
Резултати од НБА:
Филаделфија – Портланд 115: 130 Атланта – Феникс 120: 112 Шарлот – Бруклин 115: 117 Кливленд – Мемфис 112: 107 Вашингтон – Индијана 112: 119 Њу Орлеанс – Лос Анџелес Лејкерс 128: 115 Мајами – Детроит 96: 119 Чикаго – Бостон 126: 116 Оклахома Сити – Сакраменто 116: 119 Милвоки – Минесота 140: 128 Голден Стејт – Хјустон 112: 118 Јута – Далас 125: 109.