Првиот носител, Стефанод Циципас се квалификуваше за финалето на тенискиот турнир во францускиот град Марсеј со награден фонд од 744,010 евра.
Грчкиот тенисер го елиминираше во полуфиналето белгискиот тенисер Давид Гофан со 7:6 (1), 6:2 за еден час и 10 минути игра.
Цицпас направи пет асови и ги реализираше сите три негови брејк шанси.
Во спорот за титулата, 20-годишниот грчки тенисер ќе се сретне со 31-годишниот Михаил Кукушкин (Казахстан), кој во вториот полуфинален меч го порази францускиот тенисер Хуго Умбер 6:4, 6:4.