Светската шампионка во спуст, Илка Штухец повторно гоповреди коленото и тоа ќе ја остави надвор од трките во алпско скијање до крајот на сезоната. 28-годишната Словенка доби слична повреда во октомври 2017-та година, а вчера падна лошо во Кран-Монтана и тоа предизвика нова исклучително тешка повреда.

Дијагнозата во болницата, каде што беше прегледана Штухец, покажа скинати лигаменти, соопштија од словенечкиот тим.

Повредата во октомври 2017-та година не само што ја спречи Штухец данастапува во трките за Светскиот куп, но ја спречија и да земе учество на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2019 12:33