Ѕвездата на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден, беше казнет со 25.000 долари за критики кон судија, објави НБА.
Тој изјави дека на Скот Фостер не смее да му биде дозволено да раководи натпревари на Хјустон во иднина, откако ја напушти играта поради лични грешки на средбата со Лејкерс во Лос Анџелес.
„Скот Фостер, човеку, не ми се зборува за судии, но тоа беше едноставно арогантно. Изгледаше како нешто лично. Искрено, мислам дека тој не треба да раководи повеќе наши натпревари“, рече „брадата“.
Во истиот меч, Харден постигна 30 поени ија продолжи својата неверојатна серија.