Младите надeжди на Чикаго Булс, Лари Марканен и Зак ЛаВин направија нешто, што не се случило од 1996 година наваму.

Талентираните кошаркари имаа голем придонес за победата над Бостон, откако повторија достигнување на Мајкл Џордан и Скоти Пипен, кои беа последните двајца играчи на „биковите“, кои реализирале по барем 35 поени во еден натпревар.

Марканен и ЛаВин завршија со 42, односно 35 поени, а и двајцата поставија лични рекорди во поглед на остварувањето.

Финското крило пропушти само 8 удари од игра, завршувајќи со 12/20 успешност, а исто така додаде 15 скока за 37 минути на теренот.

Лавин пак нанижа 42 поени со 29 шута од игра, вклучувајќи 5/11 од зоната за три поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2019 13:59