Младите кик-боксери од кик-боксинг клубот „АС“ од Делчево со три сребрени и еден бронзен медал се вратија од штотуку завршениот спортски настан Wakko Grand Prix 2019, кој од 22 до 24 февруари се одржа во Сараево.

Како што информираше тренерот на делчевци, Љупчо Стојчевски, кој воедно ја имаше и улогата на меѓународен судија на турнирот, екипата од Делчево од 94 екипи кои настапиле во Сараево го осовила 54 место.

– Ова беше исклучително успешен настап за кик-боксинг клубот „АС“ од Делчево, најмногу поради фактот што нашите претставници Павел Стојчевски и Дилан Ивановски освоија четири медали од кои три сребрени и еден бронзен медал. Стојчевски освои медал во категориите поинт-фајт за помлади кадети, како и во лајт-контакт исто така во категоријата помлади кадети (-37 кг). Ивановски пак бронза освои во дисциплината лајт-контакт во категорија за постари кадети(-42 кг), додека среброто, кое лесно можеше да биде и злато, го освои во кик-лајт за постари кадети (-37 кг), соопшти Стојчевски.

Стојчевски во улога на судија на турнирот судеше во над 100 натпревари што е своевиден рекорд за било кој судија во едно натпреварување.

На турнирот во Сараево учествувале вкупно 95 клуба од девет земји од Балканоти Европа со вкупно 512 натпреварувачи кои ги покажале своите вештини во кик боксинг.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2019 15:02