Најдобриот играч на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс стигна до трипл-дабл ефект на натпреварот со Мемфис одигран ноќеска на теренот на противникот. Џејмс средбата ја заврши со 24 поени, 12 скокови и 11 асистенции.

Лејкерс загубија со 110:105, а Леброн изби на 10.место во НБА-лигата по број на асистенции. Тој сега има 8.525 додавања по кои соиграчот поентирал.

Џејмс на вечната листа го помина Андре Милер, на чие конто се запишани 8.524 асистенции.

Воедно, ѕвездата на Лејкерс е единствен играч во НБА-лигата кој се наоѓа и на Топ 10 листа на асистенции и на Топ 10 листата поентери.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/02/2019 10:49