По одигрувањето на последното коло од групната фаза познати се осумте екипи кои ќе играат во четвртфиналето од Лигата на шампионите во одбојка за жени.

Од секоја група во следната фаза одат првопласираните, како и трите најдобро второпласирани екипи. Победници на групите се: Вакифбанк, Екзахибаши, Новара, Скандиччи и Фенербахче.

Трите најдобро второпласирани се: Динамо Москва, Штутгарт и Конељано.

Жрепката за четвртфиналето ќе се одржи на 1 март.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2019 11:15