Џуди Мареј, мајката на познатиот британски тенисер Енди Мареј, верува дека нејзиниот син може да се врати на професионалниот тенис по операцијата на зглобот на колкот.

– Мислам дека Енди ќе се врати и дека тоа е можно. Тој е паметен човек, има голем интерес во разни области на животот. По тенисот, очигледно ќе има што да работи. Боб Брајан се враќаше по слична повреда, но тој е дубл играч, а во оваа категорија физичкиот стрес е сосема поинаков. Сепак, Енди ќе стори сé за да си даде шанса повторно да игра.

Најважно е што сега се ослободи од болката што не го остави во изминатите 20 месеци. Тој има едно младо семејство, и треба да се размислува не само за себе, туку и за квалитетот на животот по пензионирањето, што во секој случај е неизбежно, истакна Џуди Мареј.

Британскиот тенисер го пропушти најголемиот дел од минатата сезона по операцијата на колкот. Во пресрет на Австралискија опен , тој рече дека го остава тенис, но по турнирот играчот рече дека е подготвен да оди на втора операција со цел да се врати во спортот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2019 13:03