Роџер Федерер изгуби сет во втор дуел по ред на турнирот во Дубаи, но се квалификуваше за четвртфиналето. 37-годишниот Швајцарец ја задржа својата совршена статистика против Фернандо Вердаско, победувајќи го во седми последователен натпревар. Рекордерот по освоени Гранд-слем титули победи со 6:3, 3:6, 6:3.
Федерер почна одлично, направи ран брејк и брзо го зеде првиот сет, губејќи само три поени на свој сервис. Шпанецот успеа да одговори и да го земе вториот дел. Во последниот сет, играта беше еквивалентна до осмиот гем кога Роџер направи брејк, а потоа немаше проблеми да стигне до конечен успех.
Следен ривал на Федерер ќе биде унгарскиот тенисер Мартон Фучович, кој се справи со Јан-Ленард Штруф со 6:4, 6:2.