Карлос Сајнц и Мекларен го забележаа најбрзото време на денешниот тест во утринските часови и никој не го подобри времето до крајот на сесијата. Ферари го пропушти поголемиот дел од попладневното тестирање поради утринскиот инцидент на Себастијан Фетел.

Поради се уште непозната причина, црвениот болид се врти во кривината број 3 и тоа доведе до тежок удар во заштитните бариери. Четирикратниот светски шампион излезе без повреди, но автомобилот беше сериозно оштетен. Сесијата беше запрена околу половина час додека се отстрануваше уништениот болид и се обновуваше заштитната ограда.

Поправките по автомобилот одзедоа цело попладне, па Шарл Леклер имаше време само за една обиколка. Сепак, времето на Фетел беше доволно за да се квалификуваат на третото место, додека Серхио Перес остана на второ место со Рејсинг Поинт.

Кими Раиконен заврши на четвртото место со Алфа Ромео, потоа следеа Грожан со Хас и Верстапен со Ред Бул. Даниел Квјат беше седми со Торо Росо. Мерцедесите завршија осми и деветти,но нивната програма беше фокусирана на тестирање на подобрувањата на автомобилот.

Нико Хулкенберг и Даниел Рикардо беа 10-ти и 12-ти за Рено, додека Роберт Кубица остана меѓу нив. Полјакот го направи првиот целосен тест по проблемите минатата недела.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2019 19:28