Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро го откажа учеството на турнирот во Индијан Велс, САД, каде требаше да го брани трофејот освоен минатата година.
Причината за повлекувањето на Дел Потро е повреда на коленото. Претходно, Дел Потро се повлече и од турнирот во Акапулко (Мексико).
Аргентинецот објави дека по консултации со специјалисти, тој одлучил да помине неколку третмани за рехабилитација и дека се уште не може да се натпреварува.
Тенисер беше повреден во октомври. Се врати на теренот на турнир во Делреј Бич (САД), каде што стигна до четвртфиналето, но сега повторно мора да паузира.