Швајцарецот Роџер Федерер ќе игра во финалето на АТП турнирот во Дубаи, ОАЕ, откако вечерва во второто полуфинале со 2-0 го совлада Борна Чориќ.

Во моментов седмиот на АТП ранг листата на хрватскиот тенисер (13 на АТП) му пропушти по двата гема во двата сета.

Мечот траеше еден час и осум минути.

Противник на Федерер во борбата за трофејот ќе биде Гркот Стефанос Циципас.

Наградниот фонд на турнирот во Обединетите Арапски Емирати изнесува 2,74 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2019 00:33