Двајца естонски нордиски скијачи признале дека користеле крвен допинг, за да ги подобрат перформансите, соопшти обвинителството во Австрија. Признанијата на Естонците доаѓаат заедно со оние на нивните колеги од Казахстан и Австрија, кои беа откриени од антидопинг агентите за време на актуелното светско првенство во Зефелд.

Во моментов вкупно петмина спортисти направија признанија за случајот кој го потресе Светското првенство во нордиски дисциплини. Според австриските власти, сите приведени спортисти помогнале многу во појаснувањето на случајот и веќе се ослободени.

Двајцата естонски нордијци, кои направиле признанија послучајот, се Карел Трамјарв и Андреас Верпалу, син на поранешниот светски и олимписки шампион Андрус Верпалу.

Казахстанската ски федерација изјави дека нејзиниот спортист е двократниот освојувач на медал од светските првенства, Алексеј Полтаранин додека од австриска страна се уште нема официјална потврда, но осомничени Макс Хауке и Доминик Балдауф.

Според властите во Австрија, во основата на допинг скандалот стои германски лекар, кој е дел од шема за дистрибуција на забранети супстанции.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2019 00:58