Александар Зверев е на натпревар од неговата прва титула. Германецот го победи Британецот Камерон Нори со 7:6 (9), 6:3 и така стигна до финалето на турнирот од категорија АТП 500 во Акапулко.

– Многу сум среќен што се пласирав во финалето. Тоа беше мојата цел во почетокот на неделата. Досега ова е многу посебна недела и се надевам дека ќе успеам да ја продолжам, изјави Зверев, кој го подобри постигнувањето од деби учеството во 2018-та, кога отпадна од Хуан Мартин дел Потро во полуфиналето.

Зверев нема загубено сет од почетокот на турнирот, а во четири дуели само на 2 пати загуби гем на свој сервис.

Нори се бореше за своето втор финале за годината по она во Оукленд, но Германецот доминираше и на прв, и на втор сервис и стигна до конечната победа.

Во финалето Зверев ќе се сретне со Ник Кириос, кој го совлада американецот Џон Иснер со 7:5, 5:7, 7:6.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2019 12:01