Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го победи Стефанос Циципас од Грција, попладнево во финалето на турнирот во Дубаи со 2-0. За Федерер ова беше јубилеен 100-ти трофеј од АТП турнирите и осми во Дубаи.

Двата сета Швајцарецот ги доби со по 6:4.

Мечот траеше еден час и девет минути.

Наградниот фонд на престижниот турнир во Обединетите Арапски Емирати изнесуваше 2,7 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2019 10:50