Австралискиот тенисер Ник Кирос ја освои титулата на тенискиот турнир во Акапулко (Мексико) со награден фонд од 1.78 милиони долари. 23-годишниот Кириос го победи во финалето вториот носител Александер Зверев (Германија) со 6:3, 6:4 во 90 минута.

Австралиецот, кој се наоѓа на 72-то место на светската ранг-листа, на патот кон титулата го елиминираше Рафаел Надал, Стен Вавринка и Џон Иснер. Кириос направи три брејка на натпреварот и еднаш загуби на свој сервис.

За Австралиецот, ова е петта титула во кариерата и прва ос Бризбејн (Австралија) во јануари минатата година.

Александар Зверев, трет на светската ранг-листа, не успеа да го освои 11-тиот трофеј во својата кариера



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2019 11:54